10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСловачка произведува најмногу автомобили по глава на жител

Словачка произведува најмногу автомобили по глава на жител

42-21927623

Словачка минатата година стана најголем светски производител на патнички автомобили по глава на жител, додека Чешка го зазема второто место, пишува денеска словачкиот весник „Правда“.

Од производствените ленти на трите фабрики за автомобили во Словачка, земја со пет милиони жители, минатата година излегле речиси 927.000 возила, што во однос на претходната година претставува раст од две петтини.

– На илјада жители, минатата година во Словачка се произведени 171 автомобил, изјави претседателот на Сојузот на автоиндустријата во оваа земја Јарослав Холечек.

Во Чешка, која има 10,5 милиони жители, производството на патнички автомобили на илјада жители изнесува 111 возила, пишува „Правда“.

Во Словачка автомобилската индустрија е главен придвижувач на економијата. Свои фабрики имаат германскиот „Фолксваген“, корејската „КИА“ и францускиот „Пежо Ситроен“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП