12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката на Англија ја задржи референтната каматна стапка на историскиот минимум

Банката на Англија ја задржи референтната каматна стапка на историскиот минимум

BANK-OF-ENGLAND_2129155a

Централната банка на Англија (BoE) ја задржи референтната каматна стапка на историскиот минимум од 0,5 проценти.

Причината за тоа е слабата инфлација која го намалува притисокот врз законодавците да започнат со зголемување на трошоците за задолжување.

Осум од девет членови на Монетарниот комитет на Централната банка гласале за задржување на каматната стапка, а најмногу поради тоа што инфлацијата е на 0,1 проценти, значително под целните 2,0 проценти, пренесува американската агенција АП.

Падот на цената на нафтата предизвика загриженост, и покрај тоа што економскиот раст на Британија е меѓу најсилните во развиениот свет.

Цените на нафтата се приближија на нивото од 30 долари за барел, што најавува тешки времиња за енергетскиот сектор на земјата, оценува американската агенција.

Иако американската Управа за федерални резерви (ФЕД) минатиот месец ја зголеми РЕПО стапката, гувернерот на „BoE“ Марк Карни тврди дека одлуката за зголемување на каматната стапка во САД „не е пресудна“ за британските законодавци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП