18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИскоренување на сиромаштијата до 2030 година

Искоренување на сиромаштијата до 2030 година

siroma1

Претседателот на Светската банка Џим Кин Јонг зацрта нова цел за постигнување – искоренување на екстремната сиромаштија на планетата до 2030 година.

Тој оцени дека за остварување на оваа цел се потребни „исклучителни напори“.

„Светот без сиромаштија и економска изолација е при рака… но за достигнувањето на таа цел се потребни исклучителни напори. Но, кој би се сомневал дека за остварување на оваа цел не се вредни напорите“, изјави Ким во говорот во Вашингтон.

Шефот на Светската банка сака процентот на луѓе кои живеат со помалку од 1,25 долари на ден да се намали од 21 проценти, колку што изнесуваше во 2010 година, на три проценти до 2030 година.

„Кога ќе биде под границата од три проценти потполно ќе ја промени природата на предизвици за сиромаштијата. Клучната цел на нашата акција е од структурните мерки да преминеме на целните мерки за малите групи… битката против масовната сиромаштија која земјите со векови ја водат треба да биде освоена“, изјави Ким.

„Знаеме дека искоренувањето на сиромаштијата нема да биде лесно, таа задача ќе биде се потешка, бидејќи ќе биде се потешко да стигнеме до сиромашните“, додаде тој.

Втората цел, според Ким, е да се поттикнат приходите за 40 проценти на најсиромашните жители во секоја земја.

За да се остварат овие цел, економскиот раст мора да се забрза, особено во Јужна Азија и Африка, изјави Ким, кој предупреди на потенцијални шокови кои би можеле овие цели да ги нарушат, а тоа се природните катастрофи, новата финансиска криза или кризата предизвикана од недостигот на храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП