Американскиот трговски ланец „Walmart“ на крајот на овој месец ќе покрене процес за затворање на 269 продавници, од кои повеќето од половината се во САД.
Останатите се на предизвикувачкиот бразилски пазар, пренесува агенцијата АП.
Овие продавници се само дел од 11.000 продавници на „Walmart“ во светот, и сочинуваат еден процент од глобалните приходи на компанијата.
Најновото соопштение доаѓа само три месеци откако генералниот директор на „Walmart“ Даг Мекмилион изјави пред инвеститорите дека ќе го анализира бројот на продавници ширум светот, со цел оваа компанија да стане посилна во пресрет на зајакнувањето на конкуренцијата.
„Нема сомнеж во тоа дека нашиот бизнис стана голем. Сега е поважно од било кога да го анализираме нашето портфолио“, изјави во месец октомври Мекмилион.
„Walmart“ во САД има 4.500 продавници и вработува 2,2 милиони лица ширум светот, од кои 1,4 милиони во САД.
Од „Walmart“, исто така, е соопштено дека неговата заработка во фискалната година која започнува во февруари ќе се намали за дури 12 проценти, бидејќи продолжува да инвестира во онлајн бизнисот.