20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследниот трговски ден не донесе изненадување на Македонска берза

Последниот трговски ден не донесе изненадување на Македонска берза

mk berza

Крајот на трговската седмица донесе најмал промет на Македонската берза на хартии од вредност во вкупен износ од 4.268.276,00 денари. Реализирани беа вкупно 50 трансакции со акции, додека обврзниците „паузираа”.

Единствена акција со која беше реализиран промет од над милион денари е акцијата на „Комерцијална банка“ АД Скопје. Вкупно 660 акции беа истргувани по просечна цена од 2.320,00 денари, со што вредноста на акцијата остана непроменета.

Следни на листата според промет се најдоа акциите на „Алкалоид“ АД Скопје (156 акции, просечна цена 5.401,13 денари), „Македонијатурист“ АД Скопје (200 акции, просечна цена 3.751,00 денари) и „Гранит“ АД Скопје (1010 акции, просечна цена 486,34 денари).

Индексот МБИ10 денес заврши со минимален пораст од 0,07 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП