18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИКС Трејд почнува да работи во Скопје

ИКС Трејд почнува да работи во Скопје

ng nova fabrika

ИКС Трејд, меѓународната компанија за он­лајн трговија која работи на светскиот девизен пазар во петок почна да работи од Скопје, а ќе ангажира стотина високообразовани млади лица.

Официјалниот почеток на работата го означија премиерот Никола Груевски, министерот за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф и Шејла Кампањано, претставник на меѓународната компанија.

„Велиме добредојде и успешен почеток со работата на новата компанијата Икс Tрејд (МТС Трејдинг Солушнс) во Македонија, рече Груевски.

Според него, оваа нова инвестиција е уште еден показател дека има резултат од напорите на Владата да донесе што е можно повеќе инвеститори и додаде дека остануваат фокусирани на нови инвестиции, нови работни места, раст на економијата, подобар стандард и поквалитетен живот за сите.

„Ние не планираме да отстапиме од овој пат, сосема напротив, планираме да нагазиме уште појако и со уште посилно темпо. Тој што може да не следи нека повели, тој што не знае нека гледа и нека учи како се работи за доброто на граѓаните“, рече премиерот.

Министерот Наумоф рече дека оваа инвестиција ќе помогне во намалување на невработеноста изадржување на високообразованата младина во земјата, а вработените ќе добиваат обука и дека ќе бидат високо платени за сработеното.

Кампањано рече дека брзо завршиле со администрацијата за отворање на фирмата, па така за три месеци од регистрирање на фирмата веќе можат да кажат дека почнуваат со активностите во Македонија на 20 јануари. Од планираните 100, веќе се ангажирани 32 лица кои имаат поминато и обука.

Компанијата ќе работи за пазарите на Франција, Англија, Словенија и Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП