20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата потона над 4 отсто

Цената на нафтата потона над 4 отсто

naf 33

Цената на нафтата падна на светските берзи над 4 отсто, близу најниското ниво за последните 12 години, додека пазарот се подготвува за зголемување на иранскиот извоз на нафта по укинувањето на санкциите, кое се очекува во следните денови.

На лондонската берза цената на барелот за испорака во октомври падна за 1,15 долари, на 29,73 долари. Во текот на утрото падна на 29,43 долари, што е најниско ниво од февруари 2004 година.

На американскиот пазар со барелот се тргува по речиси пет отсто пониска цена, од 29,64 долари, откако во претходниот трговски ден за прв пат забележа поголем раст од почетокот на годината. Во утринските часови цената падна на 29,39 долари, најниско ниво од ноември 2003 година.

Цените на лондонската и на американската берза се на пат на трета по ред неделна загуба, а од почетокот на годината загубија околу 20 отсто од вредноста.

Се очекува дека Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во текот на денешниот состанок во Виена да потврди дека Иран во рамки со договорено значително ја ограничи својата нуклеарна програма и си го отвори патот кон укинување на западните санкции.

Влијателната американска банка Goldman Sachs во петокот сепак ја задржа својата процена за цената на барелот на американскиот пазар на 40 долари во првата половина од 2016 година.

Аналитичарите на Commerzbank, пак, сметаат дека не е исклучен уште еден пад на цената на нафтата.

„Краткорочно не може да се исклучи уште еден пад на цената, особено по укинувањето на санкциите на Иран. Тоа значи дека многу е веројатен пад на ниво од 25 долари, но не многу повеќе под таа граница“, смета аналитичарот на Commerzbank Карстен Фрич.

Commerzbank ја снижи прогнозата на цената на нафтата за крајот на 2016 година, проценувајќи дека во Лондон ќе изнесува околу 50 долари за барел. Претходната проценка беше на 63 долари.

Барел референтна кошничка нафта на OPEC во четвртокот изнесувала 25 долари, што значи дека паднала за 69 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП