23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткупени над 10.000 тони тутун за еден месец

Откупени над 10.000 тони тутун за еден месец

tutun 4353

Деветте откупувачи на тутун, заклучно со четврток (14 јануари), откупија вкупно 10.047 тони тутун од годинашната реколта, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Вкупната просечна откупна цена изнесува 186 денари по килограм, а кај одредени откупувачи е и над 190 денари.

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, чии претставници секојдневно се на терен и го следат текот на откупот, исплатата во актуелната реколта е реализирана со 76% или досега се исплатени 23,3 милиони евра.

Откупот се врши на вкупно 186 ваги на 152 откупни места, а динамиката тече без проблем и според договорите меѓу тутунопроизводителите и откупувачите.

Инаку, според сегашната проценка, во реколта 2015  се очекува да бидат откупени над 20.000 тони тутун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП