22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи под притисок на рударскиот и енергетскиот сектор

Европските берзи под притисок на рударскиот и енергетскиот сектор

berza frankfurt

Берзанскиот индекс FTSEurofirst 300 падна во петокот на најниско ниво за последните 13 месеци, а под најголемо влијание беа рударскиот и енергетскиот сектор поради падот на цената на сировата нафта.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции во 11.00 часот беше во минус 1,2 отсто, на 1.317 поени, откако вчера потона за 1,5 отсто на најниско ниво за 13 месеци и се наоѓа пред трет последователен неделен пад.

Лондонски FTSE истовремено беше во минус 0,75 отсто, на 5.874 поени, додека франкфуртски DAX се спушти за 0,55 отсто, на 9.742 поени, а париски CAC за 0,85 отсто, на 4.274 поени.

Најмногу изутрината, за 4,4 отсто потона индексот на рударскиот сектор како последица на ниските цени на сировините поради намалената потрошувачка, со оглед на забавувањето на растот на глобалната економија.

Цената на бакарот се намали оваа недела на најниско ниво за шест ипол години и ѝ се заканува пад втора недела по ред.

Во рударскиот сектор најмногу, за 6 отсто, падна цената на акцијата на BHP Billiton, откако компанијата најави дека ќе ја отпише вредноста на долгот на нејзин имот во САД за 7,2 милијарди долари, што ги зајакна очекувањата дека ќе мора да ја намали дивидендата прв пат за 25 години.

Поевтинија и акциите на останатите рударски компании, како што се Rio Tinto, Antofagast и Glencore бидејќи аналитичарите на јапонската банка Nomura ги намалија целните цени на овие акции.

Акциите во нафтениот и гасниот сектор паднаа за 2,6 отсто, бидејќи цената на нафтата повторно е во надолна линија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП