20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЈубилеј-50 години Универзална сала Скопје

Јубилеј-50 години Универзална сала Скопје

guu

Место од кое ретко кој си заминал без да биде посреќен од моментот кога дошол

Универзална сала од секогаш била центарот на сите важни случувања во Скопје. Од фестивали и разно разни манифестации до концерти на нашите омилени пеачи и групи. Нема човек кој барем еднаш не ја искусил атмосферата во оваа мала магична сала со која расневме преку фестивалите на “Златно славејче“ и “Поточиња“. Потоа Скопје фест, “Златна буба мара на популарноста“, спортски настани, “Глумците пеат“,“12-те величенствени“ и многу други манифестации кои ја забавуваа публиката и ги правеа задоволни лицата на Скопјани. Многу песни се испеани и многу награди се доделени, во овој објект. Пеачите и групите од Македонија и тогашните Југословенски простор како Леб и сол, Архангел, Бајага, Парни Ваљак, Рибја Чорба, Бело дугме и други како и Лепа Брена, Неда Украден, Мишо Ковач редовно гостуваа.

gbb

Незаборавниот концерт на светската музичка легенда Брајан Фери…Бината на универзална нудеше амбиент за сите музички жанрови. Тука секоја година, редовно се одржуваше и престижниот скопски Џез- фестивал…уживавме во настапите на величествените Cesária Évora, Ray Charles, Tito Puente, Youssou N’dour, Мариса Монте, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, Social Club и многу други. Многу луѓе се усреќени, многу љубови се родени на ова место и ретко кој си заминал без да биде посреќен од моментот кога дошол.

gdd

Илјадници и илјадници поклоници на добрата забава, доаѓаа во сите периоди од годината, веќе 50 години, во Универзална сала која од пред една година го носи името Конгресен центар Александар Македонски.

gcc

Званично пуштена во употреба на 10 јануари 1966 година, по катастрофалниот земјотрес во Скопје како резултат на светската солидарност и помош, со изведба на драмската претстава“Виктор или деца на власта“ во изведба на “Атеље 212“ од Белград.  А веќе на 16 јануари 1966 е одржан голем Симфониски концерт на Македонската филхармонија со пијанистот Александар Унински. Од тогаш до денес се одржани над 5700 манифестации, следени од над 8500 000 посетители.

gbb

gaa

ggg

ghh

gjj

gll

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП