19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПониски цени на индустриските производи во ноември

Пониски цени на индустриските производи во ноември

industriski proizvodi22

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.2% на месечно ниво, а за 5.2% на годишно ниво.

Во ноември 2015, во споредба со октомври 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.3%, a во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.1%.

Во ноември 2015, во споредба со ноември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9.9% , во секторот Преработувачка индустрија за 5.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.6%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0.3% на месечно ниво, а за 6.3% на годишно ниво.

Во ноември 2015, во споредба со октомври 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.7%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.1%.

Во ноември 2015, во споредба со ноември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 14.4%, а во секторот Преработувачка индустрија за 5.3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП