18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИздадени за 13,2 проценти повеќе одобренија за градење

Издадени за 13,2 проценти повеќе одобренија за градење

gradeznistvo_201533145238

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2015 година се издадени 318 одобренија за градење што е за 13.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 981 924 илјади денари што е за 66.1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 201 (63.2%) се наменети за објекти од високоградба, 36 (11.3%) за објекти од нискоградба и 81 (25.5%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 318 објекти, на 221 (69.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 97 (30.5%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 539 станови со вкупна корисна површина од 43 785 м2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП