28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција од сериите заработува 250 млн долари годишно

Турција од сериите заработува 250 млн долари годишно

maxresdefault (1)

Турските серии станаа хит во многу држави, а колкава е експанзијата на турската кинематографија во последните години покажува податокот дека оваа држава од извоз заработила 250 милиони долари во 2015 година.

„Илјада и една ноќ“, „Кога лисјата паѓаат“, „Сулејман Величествениот“, „Страстите на Ориентот“… се само некои од насловите на турските телевизиски серии кои освоија милиони гледачи на Балканот, Блискиот исток, па и во Латинска Америка.

Податоците покажуваат дека Турција во 2014 година остварила извоз на серии во вредност од 200 милиони долари, а бројката во 2015 година се зголемила за дури 25 отсто. Очекувањата се дека извозот во оваа година ќе достигне 300 милиони долари.

Бесир Татли, генерален директор на Calinos Holding, која се занимава со продажба на турски телевизиски серии во странство, вели дека во Турција годишно се снимаат околу 70 серии. Близу 40 отсто од нив стануваат жртви на падот на рејтингот и престануваат да се емитуваат, додека триесеттина серии се гледани на подрачјето на Турција, а 10 до 15 успеваат да се пробијат на странскиот пазар.

Говорејќи за проблематиката на турската кинематографија, Татли рече дека моментно најголем проблем претставува недостиг на нови сценарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП