20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи на најниски нивоа во 3,5 години под притисок на падот...

Азиските берзи на најниски нивоа во 3,5 години под притисок на падот на цента на нафтата

berzi 33

На азиските берзи цените на акциите паднаа на најниските нивоа во последните три ипол години, и покрај четврточниот раст на индексите на Волстрит, бидејќи цените на нафтата и кинеските акции повторно се под притисок.

На токиската берза индексот Nikkei во петокот во претпладневното тргување беше во минус од околу 0,5 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Австралија, Јужна Кореја, Хонгконг и Шангај потонаа меѓу 0,3 и 2,5 отсто. Поради тоа, индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во минус од 0,3 отсто, паѓајќи на најниската вредност од јуни 2012 година.

На самиот почеток од тргувањето во петокот азиските берзи пораснаа, благодарејќи на четврточниот скок на индексите на Волстрит за повеќе од 1,4 отсто, но ентузијазмот на инвеститорите набрзо спласна бидејќи цените на нафтата повторно се најдоа под притисок.

Откако во четвртокот скокна за повеќе од 2 отсто, во петокот претпладнето на лондонскиот ICE пазар цената на марката Brent со испорака во март падна за 3 отсто, на 29,8 долари за барел, откако претходниот трговски ден се симна под бариерата од 30 долари, првпат од април 2004 година. На американскиот пазар, пак, цената на барелот се симна за 1,8 отсто, на 30,60 долари.

Пазарите веќе со денови се под притисок, бидејќи цените на нафтата не успеваат да се одлепат од најниските нивоа во последните 12 години, поради слабеењето на побарувачката како резултат на забавувањето на растот на глобалната економија, додека, од друга страна, понудата и натаму е многу висока.

Лошо на пазарите влијаеја и послабите отколку што се очекуваа економски показатели од Кина. Во декември новите кредити во јуани биле помали отколку еден месец претходно, додека растот на вкупната маса пари е забавен. Поради тоа, на берзата во Шангај и другите кинески пазари, цените на акциите во петокот претпладнето остро паднаа, по четврточниот раст.

Вложувачите внимателно го следат и движењето на курсот на јуанот, бидејќи минатонеделната депрецијација на кинеската валута предизвика страв од девалвација на валутите и во другите земји од регионот, а со тоа и несигурноста на светските финансиски пазар. Во петокот утрото јуанот благо порасна, па во целата оваа седмица зајакна за 0,1 отсто во однос на доларот. Меѓутоа, во однос на почетокот од годинава ослабе за 1,4 отсто.

И на валутните пазари владее претпазливост, при што курсевите на валутите не се променија позначително. Курсот на доларот кон јапонската валута се движи околу 117,80 јени, додека во истиот период од денот во четвртокот изнесување 117,70 јени. Доларот е стабилен и во однос на европската валута, па цената на еврото се движи околу 1,0880 долари, наспроти вчерашните 1,075 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП