1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите докажаа, санкциите ја покосија ЕУ

Русите докажаа, санкциите ја покосија ЕУ

rusija-vs-eu

Руските загуби поради санкциите на Европската унија (ЕУ) минатата година изнесуваа 25 милијарди евра, додека загубите во ЕУ достигнаа 90 милијарди евра за 2014 и 2015 година.

„Ги проценуваме загубите од наметнатите (западни) санкции и возвратените (руски) мерки на 40 милијарди евра во 2014 и на 50 милијарди евра во 2015 година за ЕУ“, изјави првиот заменик на рускиот министер за економски развој Алексеј Лихачев.

„Загубата за Русија (поради санкциите на ЕУ) ја проценуваме на 25 милијарди евра во 2015 година, или за околу 1,5 проценти пониско (од оваа сума), изјави тој на економскиот „Гајдар форум 2016“, пренесува агенцијата ТАС.

Според неговите зборови, негативните ефекти за Русија ќе се намалуваат.

„Економијата очигледно се прилагодува, како што се прилагодуваат и компаниите на таквите услови (санкции)“, изјави Лихачев, наведува руската агенција.

ЕУ и воведе санкции на Русија во 2014 година по спојувањето со полуостровот Крим со Руската Федерација, по што официјална Москва одговори со контра мерки во вид на забрана на увозот на земјоделски и прехрамбени производи од државите на Унијата и западните земји кои му се придружија на ембаргото од Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП