20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРелативно мирен трговски ден на Македонската берза

Релативно мирен трговски ден на Македонската берза

mk berza kke

Трговскиот ден на Македонската берза го одбележа акцијата на „Скопски пазар“ АД Скопје кога во четвртокот беше реализирана една блок трансакција.

Вкупно беа истргувани 304 акции по цена од 8.000,00 денари, со што акцијата се позиционираше на првото место по реализиран промет (2.432.000,00 денари). По неа следеше стандардно ликвидната акција на „Алкалоид“ АД Скопје со реализиран промет од 1.020.671 денари преку 189 истргувани акции.

Прв пат по 15.07.2014 година денес беше тргувана акцијата на „Козјак“ АД Куманово. Вкупно 5.411 акции беа истргувани по просечна цена од 115,00 денари со што акцијата забележа пад од 42,50 отсто.

За разлика од претходните неколку трговски дена кога обврзниците беа во фокусот на инвеститорите, денес немаше ниту една трансакција со обврзниците.

Индексот МБИ10 продолжува да се движи во надолна линија со минимален пад од 0,04. Вкупниот промет изнесуваше 5.558.797,00 денари реализиран преку 31 трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП