20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот БДП надмина 3.000 милијарди евра

Германскиот БДП надмина 3.000 милијарди евра

germanska kesa

Германската економија, најголемата во Европа, и одолеа на грчката криза, забавувањето на растот во Кина и геополитичките неизвесности, и порасна во 2015 година за 1,7 отсто, надминувајќи за прв пат во историјата вредност од 3.000 милијарди евра.

Според прелиминарната проценка на заводот за статистика Destatis, германскиот бруто домашен производ во 2015 година пораснал за 1,7 отсто повеќе во однос на 2014 година, кога зајакна за 1,6 отсто.

Во 2015 година германскиот БДП за прв пат во историјата надмина 3.000 милијарди евра, достигнувајќи 3.027 милијарди евра.

Истовремено, Германија оствари суфицит во државниот буџет од 16,4 милијарди евра, што одговара на околу 0,5 отсто од БДП. Ова е втора година по ред германските јавни финансии да бидат во плус.

„Економската состојба во Германија во 2015 година беше одбележана со цврст и доследен раст. Речиси сите индустриски сектори остварија раст“, рече претседателот на Destatis, Дитер Зарајтер.

Зголемувањето на економските активности најмногу беше поттикано од домашната побарувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП