21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на акциите од над еден отсто на Волстрит

Раст на акциите од над еден отсто на Волстрит

pad-berzite

Цените на акциите на Волстрит забележаа во четвртокот најсилен дневен скок за повеќе од еден месец, благодарение најмногу на закрепнувањето на енергетскиот и финансискиот сектор.

Dow Jones скокна 227 поени, или 1,41 отсто, на 16.379 поени, додека S&P 500 порасна 1,67 отсто, на 1.921 поен, а Nasdaq 1,97 отсто, на 4.615 поени.

Пораст забележаа сите 10 сектори од S&P 500, а најмногу, за 4,5 отсто, скокна енергетскиот сектор по растот на цената на нафтата за 2 отсто.

Силно пораснаа и цените на акциите во финансискиот сектор, што се должи на подобрите од очекувани квартални деловни резултати на JP Morgan, при што цената на акцијата на банката поскапе за 1,5 отсто.

Закрепна и биотехнолошкиот сектор, кој со денови беше под притисок. Цените на акциите во овој сектор вчера скокнаа за 4 отсто.

Во фокусот на инвеститорите во наредните денови ќе бидат и кварталните деловни резултати на американските компании.

Поради ниската цена на нафтата, слабеењето на кинеската економија и високиот курс на доларот, што лошо влијае врз мултинационалните компании, се очекува пад на добивките.

Аналитичарите опфатени во анкетата проценуваат дека добивката на компаниите о составот на S&P 500 во четвртиот квартал од минатата година паднала за 4,8 отсто во однос на истиот период лани.

И на европските берзи, пак, цените на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE ослабна 0,72 отсто, на 5.918 поени, додека франкфуртски DAX се намали за 1,67 отсто, на 9.794 поени, а париски CAC за 1,80 отсто, на 4.312 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП