10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе топат руските меѓународни резерви

Се топат руските меѓународни резерви

rusija-ruskata-ekonomija

Меѓународните резерви на Русија, кои главно се состојат од злато и странски валути, се намалени за 2,1 милијарди долари од 25-ти декември до 8-ми јануари.

Како што соопшти централната банка на Русија, сега, меѓународните резерви изнесуваат 368,1 милијарди долари.

Меѓународните резерви на Руската Федерација се високо ликвидни странски активи со кои управува Централната банка на Русија, пренесува руската агенција Тас.

Резервите, како што додава Тас, се состојат од странски валути, специјални права за повлекување и резервни позиции кај Меѓународниот монетарен фонд, како и монетарно злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП