Катар, кој е богат со нафта, одлучи да ја подигне цената на бензинот за една третина, објави државната нафтена компанија „Woqod“, во контекст на падот на цената на нафтата, што тешко ги погоди државните финансии.
Неочекуваното поскапување стапи на сила на полноќ и веднаш предизвика редици на дел од пумпите во Катар, јави агенцијата AFP.
Државната компанија „Woqod“ го најави поскапувањето со меморандум што во четвртокот го упати до раководителите на бензинските станици.
Цената на литар бензин „регулар“ се зголеми од еден на 1,30 катарски ријали.
Останатите производи поскапуваат уште повеќе, па така цената на „премиум“ бензин ќе порасне за 35 отсто, на 1,15 ријали.
Катар неодамна најави дека во 2016-та година за прв пат по 15 години ќе забележи буџетски дефицит поради падот на цената на енергентите. Според прогнозите објавени во декември, буџетскиот дефицит предизвикан од пониските цени на енергијата би требало да изнесува 12 милијарди долари.