20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМалкуте сигнали за закрепнување ги поткрепија цените на нафтата, во фокусот сепак...

Малкуте сигнали за закрепнување ги поткрепија цените на нафтата, во фокусот сепак Иран

nafta 93939

Цените на нафтата благо пораснаа во четвртокот, поткрепени од малубројните сигнали за заздравување, иако во фокусот на инвеститорите сепак е Иран во очекување на неговото најверојатно скорешно враќање на и онака презаситениот пазар.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 47 центи, во однос на затворањето на тргувањето во средата, на 30,78 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 40 центи повисока цена, од 30,88 долари.

Одвоено OPEC објави дека цената на барелот на референтната кошница нафта во средата изнесувала 25,69 долари, што значи дека значително не се менувала во однос на претходниот трговски ден.

Пазарот пронајде поддршка во официјалниот извештај за резервите во САД, кој покажа значително послаб раст на резервите сирова нафта отколку што очекуваше, за само 234.000 барели. Наспроти тоа, резервите од бензините скокнаа за 8,4 милини барели, а резервите од дизелите, вклучително и дизелот и маслата за домаќинствата, за шест милиони барели.

Во фокусот на инвеститорите, сепак, е извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEА) кој треба да биде објавен во петок, за кој се очекува дека ќе потврди дека Иран во согласност со договорот со шесте светски сили, значително ја ограничил својата нуклеарна програма и дека со тоа го отворил патот за целосно укинување на санкциите,

Иранската агенција за атомска енергија (AEOI) извести дека е отстрането јадрото од нејзиниот нуклеарен реактор во Арак. Во петокот оваа локација ја посетија инспекторите на IAEA за да утврдат дали Иран ја исполнил обврската, клучна за спроведување на договорот.

Иран претходно најави дека во рок од шест месеци по укинувањето на санкциите ќе го зголеми извозот за милион барели дневно.

Во „Barclay“ ги зголеми процените за снабдувањето на пазарот со иранска нафта, имајќи предвид дека западните санкции ќе бидат укинати побрзо отколку што се очекуваше. Аналитичарите на банката претпоставуваат дека Иран во последното квартал од фискалната година ќе произведе речиси 700.000 барели дневно, повеќе отколку во истиот период една година претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП