1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГермански Акомпласт постави камен темелник за фабрика во Прилеп

Германски Акомпласт постави камен темелник за фабрика во Прилеп

pp fabrika 33345

Камен темелите за изградба на фабрика на германската фирма „Акомпласт“, денес беа поставени во Технолошко-индустриската развојна зона Алинци, кај Прилеп.

Предвидено е во фабриката, која ќе произведува делови за автомобилската индустрија, да бидат вработени околу 250 лица. Според најавата, претежно ќе бидат вработени високообразовани кадри од техничките науки, кои ќе имаат и обука во Германија.

На денешната свеченост присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за странски инвестиции Бил Павлески, пратениците во Собранието, претставници на германската фирма и градоначалникот Марјан Ристески.

Објектот се очекува да биде готов до лето, а инвестицијата изнесува три милиони евра.

„Радува фактот што бизнис климата која што ја создадовме сите овие години и интересот што успеавме да го разбудиме кај компаниите од целиот свет ни овозможуваат постојано да имаме вакви прекрасни настани со странски инвеститори. Порано се сметаше за успех доколку нова странска инвестиција во Македонија се појави во две или три години еднаш. Денес странските инвеститори се тука скоро секој ден“, рече премиерот Груевски.

Претставникот на Акомпласт и управител на нивната компанија формирана во Македонија „Инџекшн холдинг Прилеп“ Инес Андре истакна дека одлуката за инвестирање во Прилеп е донесена поради понудените услови и поддршката од Општината, добро обучениот кадар, како и отвореноста за соработка на Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП