
Кипарската телевизија Сигма денеска објави дека Кипар ќе добие кредит од 10 милијарди евра со годишна камата од 2,5 до 2,7 проценти.


Кипарската телевизија Сигма денеска објави дека Кипар ќе добие кредит од 10 милијарди евра со годишна камата од 2,5 до 2,7 проценти.
Одлуката е донесена откако кипарската Влада потпиша со мисијата на тројката меѓународни кредитори (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) меморандум за доделување на антикризна помош.
Првата транша од кредитот се очекува во мај, а потоа средствата ќе бидат доделувани секои три месеци до 2016 година.
Според договорот, меѓународните кредитори секој три месеци ќе ги проверуваат буџетските доходи и расходи на Кипар.