Финската телекомуникациска групација Nokia објави во четвртокот дека на акционерите на неодамна купениот конкурент Alcatel-Lucent им понуди откуп на преостанатите акции за да стекне целосна контрола над француско-американската компанија.
Условите во обновената јавна понуда, која ќе биде отворена од 14 јануари до 3 февруари, ќе будат исти како и во почетната понуда, напоменуваат од Nokia.
Nokia минатата недела ја презеде контролата на над речиси 80 отсто од акциите на Alcatel-Lucent. Своевремено финската компанија беше водечки производител на мобилни телефони на светот, за да во меѓувреме се фокусира на мрежна опрема и услуга. Се надеваат дека преземањето на француско-американската компанија ќе им помогне да ја заземат водечката позиција на пазарот во овој сегмент.
„Трансакцијата е заклучена и денеска стартува интеграцијата на двете компании па цврсто веруваме дека е во најдобар интерес на сите преостанати сопственици на хартии од вредност на Alcatel-Lucent да ги стават на располагање своите акции“, рече извршниот директор на Nokia, Рајеев Сури.
Финската компанија и натаму нуди 0,55 отсто од свои акции за една акција на Alcatel-Lucent.