17 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКакво мислење има вашиот тим за вас?

Какво мислење има вашиот тим за вас?

TQ-Team-Work-

Ако сте нечиј шеф, односно имате свој тим, мислењето на вашиот тим за вас е многу важно. Дали ви веруваат, мислат ли дека сте способни, веруваат ли во вашата деловна визија?

Од тоа всушност зависи дали ќе бидете успешни или не.

Ви претставуваме пет знаци кои укажуваат дека вашите вработени немаат добро мислење за вас…

Разговорот престанува кога се појавувате

Ако влезете во просторијата во која вашиот тим разговара и одеднаш разговорот престане, тоа е знак дека веројатно говорат нешто лошо за вас или дека едноставно не сакаат да го слушнете нивниот разговор.

Многу лица ви ласкаат

Во секоја група на луѓе постојат оние кои веруваат дека најлесниот пат до успехот е улизувањето. Меѓутоа, ако голем број на луѓе околу вас се фокусирани на ласкањето, тоа значи дека сметаат дека тоа им е сигурниот пат до успехот. Тоа, од друга страна, значи дека не ве почитуваат и дека не ви веруваат.

Никој не сака да учествува на состаноците

Лидерите обично за ова ќе кажат дека е недостаток на идеи, мрзеливост итн. Меѓутоа, ако барате од вработените идеи, а упорно добивате тишина, тоа значи дека се плашат како вие ќе реагирате на идеите или дека немаат желба да се ангажираат.

За проблемите дознавате предоцна

Тоа значи дека вработените се плашат од вас и се обидуваат да го сокријат стореното поради потенцијалните последици.

Не прифаќате анализа на вашата работа

Ако некој е доволно храбар да укаже на некој проблем во вашата работа, а вашиот одговор е несогласување, рационализација или дури санкционирање на тие поединци, вашите вработени дефинитивно мислат дека сте лош лидер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП