10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделени 150 нови решенија за легализација на дивоградби во Ѓорче Петров

Доделени 150 нови решенија за легализација на дивоградби во Ѓорче Петров

sokol

Градоначалникот на Општината Ѓорче Петров Сокол Митровски во четвртокот додели уште 150 нови решенија за легализација на бесправно изградени објекти.

Со доделувањето на новите решенија бројката на решени предмети се искачи на 6.089 од вкупно 10.979 поднесени.

За жал дел од граѓаните, чии предмети сеуште не се решени, а се во завршна фаза и им недостасуваат само дел од документите за докомлетирање, не се одѕваа на честите апели од општината за навремено доставување на потребните документи со што видно би се намалила бројката на нереализирани барања, соопшти општината.

Од општината повторно апелираат да не се чекаат крајните рокови затоа што самите граѓани би можеле да го загрозат процесот на легализирање на нивниот објект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП