20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотврден датумот за отворањето на „Disneyland Shanghai“ вреден 5,5 млрд долари (фото+видео)

Потврден датумот за отворањето на „Disneyland Shanghai“ вреден 5,5 млрд долари (фото+видео)

140821mickey-jpg

По речиси десет години планирање, изградба и инвестирани 5,5 милијарди долари, компанијата „Disney“ најавува дека на средината на јуни во Шангај ќе биде отворен најголемиот Disneyland во светот.

Како што јавува CNN Money, во тек се завршните работи на овој тематски парк, а тој ќе биде отворен на 16-ти јуни.

Shanghai Disney Resort“ ќе се простира на површина од 3,9 милиони квадратни метри.

sh1

Ќе содржи два луксузни хотели, неколку трговски центри и шест тематски целини, Мики Авенија, Градина на имагинацијата, Светот на фантазијата, Островот на авантурите, Пештерата со богатства и Паркот на иднината. Освен тоа, стилот на изградба на сите објекти ќе биде прилагоден на кинеската традиција, а ќе содржи елементи и од кинескиот хороскоп.

sh2

Како што изјави генералниот директор на „Disney“ Боб Игнер, компанијата со која раководи, верува дека овој парк ќе биде голем успех и покрај економската криза која во последните неколку години владее во најмногубројната држава во светот.

sh3

„Чувствуваме голема гордост за овој проект. Како и било каде во светот каде што имаме објекти и кај овој се обидовме да ја прилагодиме цената со животниот стандард на населението“, изјави Игнер.

sh4

Се претпоставува дека овој парк годишно ќе го посетуваат меѓу 15 и 20 милиони туристи.

sh6

Титулата најголем тематски парк на „Disney“ досега му припаѓаше на „Disney Animal Kingdom“, со површина од околу два милиони квадратни метри.

sh5

Тематските паркови и одморалишта во 2015 година и донесоа на компанијата приход од 16 милијарди долари, што, зад телевизијата, е најпрофитабилниот бизнис на „Disney“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП