29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТројца ќе ја поделат рекордната добивка од 1,6 милијарди долари од американската...

Тројца ќе ја поделат рекордната добивка од 1,6 милијарди долари од американската лотарија

powerball 334555555

Добитните лозови од речиси 1,6 милијарди долари добивка од лотаријата Powerball, се продадени во Калифорнија, Флорида и во Тенеси, соопштија надлежните, што значи дека најмалку тројца ќе ја поделат огромната сума.

Лотаријата на Калифорнија потврди дека добитното ливче со шест броја е продадено во маркет во предградие на Лос Анџелес, како и на уште две локации во Флорида и во Тенеси. Идентитетот на добитниците се уште не е познат.

Сепак, можно е добитници да се појават и во останатите 44 држави, каде се игра лотаријата Powerball.

Добитните бројки се 8, 27, 34, 4, 19 и Powerball бројот е 10. Тие бројки беа извлечени на емисијата во среда, за награда од 1,586 милијарди долари.

Во предградието на Лос Анџелес, во продавницата на 7-Eleven, каде е продадено ливчето со добитните бројки, персоналот објави фотографија со честитки за добитникот, а продавницата ќе добие милион долари за продажба на ливчето.

Шансите да се падне лотото беа 1 спрема 292 милиони.

Продажбата на ливчиња за лото овојпат беше поголема, заради енормно високата можна добивка, а во САД пристигнуваа и туристи од Канада и од Мексико кои се соседни држави со цел да купат лото ливче и да си ја пробаат среќата.

Откако на 4 ноември лани се падна џекпотот, беа продадени 2,65 милијарди ливчиња за Powerball.

„Ако ја добијам премијата, парите ќе ги поделам на сиромашните“, вели доставувач на храна во њујоршки ресторн, кој купи дузина ливчиња во вредност од 2 долари во продавничка на Менхетен.

Татијан Кејв, 23 болничрка, вели дека парите од џекпотот би ги употребила да основа бизнис за козметика.

„Сакам да ја напуштам сегашната работа и да работам нешто инспиративно“, вели таа.

За секое ливче продадено по цена од 1 долар, 50 отсто одат за добивката, 40 отсто од парите одат за образование, 10 отсто за продавачот на ливчето и за административни трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП