17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи остро паднаа, доларот слабее

Азиските берзи остро паднаа, доларот слабее

aziski-berzi

На азиските берзи цените на акциите во четвртокот остро паднаа, бидејќи инвеститорите се обесхрабрени од вчерашниот пад на Волстрит и слабите економски показатели од Јапонија.

На токиската берза индексот Nikkei во четвртокот претпладнето беше во минус за повеќе од 2,5 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Сингапур, Хонгконг и Австралија паднаа меѓу 0,9 и 1,4 отсто. Поради тоа, MSCI индексот на азиско-пацифичките акции без јапонските, беше во минус од 1,4 отсто, лизнувајќи се кон најниското ниво во последните четири години.

Азиските инвеститори беа обесхрабрени од падот во средата на цените на акциите на Волстрит за повеќе од 2 отсто, поради падот на цената на нафтата, анемичните деловни резултати на американските компании и слабостите на глобалната економија.

Во средата на азиските берзи цените на акциите пораснаа, благодарејќи на подобрите од очекуваните економски показатели од Кина и стабилизацијата на курсот на јуанот, но на повеќето други берзи во светот индексите до крајот на денот паднаа, меѓу другото, и поради тоа што цените на нафтата не успеваат да се одлепат од најниските нивоа во последните 12 години.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 0,9 отсто, на 30,05 долари, а во еден момент потона и на само 29,73 долари. На американскиот пазар, пак зајакна за 0,2 отсто, на 30,55 долари, но и натаму не е далеку од 29,93 долари, што е најниското ниво од декември 2003 година.

Слабеењето на глобалната економија предизвикува стравување од падот на побарувачката на нафта и сировини, па така цента на бакарот падна на најниското ниво од мај 2009 година, што ги притисна акциите во рударскиот сектор.

Лошо на пазарите влијаеја и послабите од очекуваните економски показатели од Јапонија. Порачките за тешката машинерија паднаа во ноември за 14,4 отсто во однос на претходниот месец. Инвеститорите ги загрижува и можноста за натамошно зголемување на каматите на американската централна банка во оваа година, откако во декември банката ја зголеми цената на парите првпат по 2006 година.

Поради остриот пад на цените на акциите, инвеститорите повторно бараат засолништа за капиталот во инвестициите коишто ги сметаат за посигурни во несигурните времиња.

Поради тоа, на валутните пазари зајакна јапонската валута, па курсот на американскиот долар се лизна на 117,70 јени, додека во средата во истиот период од тргувањето изнесуваше 118,30 јени. Доларот ослабе и во однос на европската валута, па цената на еврото порасна од вчерашните 1,0830 на 1,.0875 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП