12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на Волстрит

Остар пад на Волстрит

volstrit4874

Цените на акциите на Волстрит во средата остро паднаа, спуштајќи се на најниско ниво од септември, бидејќи инвеститорите се загрижени поради падот на цената на нафтата, анемичните деловни резултати на американските компании и слабоста на светската економија.

Dow Jones се спушти 364 поени, или 2,21 отсто, на 16.151 поен, додека S&P 500 потона 2,50 отсто, на 1.890 поени, а Nasdaq за 3,41 отсто, на 4.526 поени.

Падот на индексот S&P 500 под ниво од 1.900 поени, прв пат од септември, последица е на загубите во сите 10 сектори.

На самиот почеток од вчерашното тргување цените на акциите пораснаа, благодарение на подобрите од очекуваните показатели од кинеската економија и стабилизацијата на курсот на јуанот, па се чинеше дека Волстрит ќе забележи добивка трет ден по ред.

Сепак, инвеститорите подоцна ги поколеба новиот пад на цената на нафтата на најниско ниво за 12 години.

Во текот на денот се чинеше дека цената на црното злато се стабилизира, но по вестите дека резервите на нафтата во САД минатата недела пораснале, што укажува на слабост на пазарот, цените ја променија насоката и спласна расположението кај инвеститорите.

На лондонската берза цената на барелот во еден момент потона под 30 долари, додека на американскиот пазар се спушти на 30,10 долари.

Инвеститорите стравуваат дека слабоста на цената на нафтата укажува на забавување на растот на глобалната економија, што би можело лошо да влијае на деловните резултати на американските компании.

Поради ниските цени на нафтата, слабеењето на кинеската економија и високиот курс на доларот, што лошо влијае на приходите на американските мултинационални компании во странство, се очекува рецесија на добивката, односно нивен пад втор квартал по ред.

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека добивката на компаниите од составот S&P 500 во четвртиот квартал од минатата година паднала за 4,8 отсто.

„Инвеститорите се загрижени поради состојбата во економијата, а нема придвижувач кој навистина би ја поддржал берзата“, вели Кен Полцари, директор во компанијата O’Neil Securities.

А на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE зајакна 0,54 отсто, на 5.960 поени, а париски CAC 0,30 отсто, на 4.391 поен. Франкфуртски DAX ослабна, пак, 0,25 отсто, на 9.960 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП