18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадна индустриското производство во ЕУ и еврозоната

Падна индустриското производство во ЕУ и еврозоната

industrija259bosna

Индустриското производство во Европската инија во ноември се намали за 0,6 проценти на месечно ниво, а во еврозоната за 0,7 проценти, покажуваат објавените податоци на Еуростат.

Во октомври 2015 година, индустриското производство во ЕУ пораснало за 0,6 проценти, а во еврозоната за 0,8 проценти, се наведува на официјалната интернет страна на европската служба за статистика Еуростат.

На годишно ниво, индустриското производство во 28-члената ЕУ во ноември порасна за 1,4 проценти, а во еврозоната за 1,1 проценти.

За месечниот пад на индустриското производство во еврозоната од 0,7 проценти обвинето е невообичаено топлото време ширум регионот, кое негативно се одразило на побарувачката на енергенти, наведува американската агенција АП и додава дека тој пад можеби и наштетил на економската активност во регинот во последниот квартал од 2015 година.

Меѓу членките на еврозоната, најголем пад на индустриското производство е регистриран во Португалија (4,9 проценти), на Малта (3,7 проценти), Холандија (3,1 проценти), Естонија и Литванија (2,6 проценти), а најголем раст е забележан во Грција (3,3 проценти) и Словачка (1,9 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП