17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанадскиот долар на најниско ниво од 2003-та

Канадскиот долар на најниско ниво од 2003-та

dolar kanada 33

Канадскиот долар поевтини до најниско ниво од април 2003-та година, откако цената на нафтата продолжи да паѓа, а индонезиската рупија се девалвира по нападите во Џакарта. Рупијата падна за околу 1% во однос на доларот до 13.960, откако во главниот град на Индинезија имаше неколку експлозии и пукање.

Првичната реакција на главните валути беше релативно ограничена, но пазарни учесници споделија дека тоа може да доведе до расположенија за избегнување на ризикот на пазарот.

„Ако тоа се покаже дека е нешто мешано, цените на акциите може да паднат, што пак ќе доведе до купување на долари и јени“, смета Сатоши Окагава, аналитичар во „Sumitomo Mitsui Banking Corporation“ во Сингапур.

Доларот за последно се тргуваше со пад од 0,2% во однос на јенот до 117.47. Еврото пак забележа раст за 0,1% до 1.0888 во однос на американската валута. Канадскиот долар падна до 1.4382 во однос на американскиот долар.

Инвеститорите ја зацртаа канадската валута откако цената на нафтата од „Брент“ падна на под 30 долари за барел во средата за прв пат од април 2004-та година, што предизвика шпекулации дека Централната банка на Канада може да ги намали каматите уште следната недела.

Цената на „Брент“ и денес продолжи да паѓа во азиската сесија и забележа нов 12-годишен минимум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП