26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМагла на неколку патни правци

Магла на неколку патни правци

magla2

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно влажни коловози на повисоките места и наместа влажни коловози на пониските места.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 50 метри има на патниот правец Градско – Неготино – Демир Капија и од 50 – 100 метри на патниот правец Делчево – Македонска Каменица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП