21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на „Трготекстил малопродажба“ го креираше прометот на Македонската берза

Акцијата на „Трготекстил малопродажба“ го креираше прометот на Македонската берза

makedonska-berza-berzi-zvonce

Акцијата на „Трготекстил малопродажба“ АД Скопје во средата беше изненадување на Македонската берза за хартии од вредност.

Со оваа акција беше истргувано поголемо количество, од 140.384 акции, по просечна цена од 49,00 денари по акција, што резултираше со најголем остварен промет во износ од 6.878.816,00 денари.

Акцијата на „Макпетрол“ АД Скопје иако ја намали својата вредност за 0,19 отсто преку 83 истргувани акции, го зазема второто место по остварен промет, односно 1.452.505,00 денари.

И акцијата на „Комерцијална банка“ АД Скопје се најде меѓу „милионерите“ со остварен промет од 1.313.165,00 денари и пад на вредноста на кацијата од 0,73 отсто.

На страната на обврзниците, единствено беше тргувано со обврзницата од дванаесеттата емисија и тоа во количина од 9.777 лотови по просечна цена од 95,10 проценти. Индексот МБИ-10 и денеска ја намали својата вредност за 0,09 отсто додека пак ОМБ порасна за 0,06 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП