10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодатоците од Кина и САД ги поткрепија нафтените пазари

Податоците од Кина и САД ги поткрепија нафтените пазари

nafta kop

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари во средата по повеќедневниот период на надолен тренд, поткрепени од охрабрувачките трговски податоци од Кина и неочекуваниот пад на резервите во САД кои сигнализираат солидно ниво на побарувачка.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 87 центи во однос на затворањето на тргувањето во вторникот и изнесуваше 31,73 долари. Во речиси ист износ цената на барелот порасна и на американскиот пазар, каде со барелот се тргуваше за 31,32 долари. Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) на својата интернет страница објави дека цената на барелот на референтната кошничка нејзина нафта во вторникот изнесува 25,76 долари, што значи дека паднала за 1,21 долари во однос на претходниот трговски ден.

Пазарите во средата ги поткрепуваат новите трговски податоци од Кина, кои покажаа раст на извозот во декември за 2,3 на годишно ниво. Аналитичарите очекуваа, пак, нејзин пад за 4,1 отсто.

Пријатно пазарите ги изненади и објавениот во вторникот извештај на Американскиот институт за нафта (API) за резервите од сирова нафта минатата седмица, кој покажа нивен пад од дури 3,9 милиони барели. Обратно, се очекуваше нивно растење за 2,5 милиони барели. Резервите во Кашинг се намалиле за 302 илјади барели.

„Податоците на API за резервите ги поттикнаа инвеститорите да ги берат добивките и тоа е најголемиот придвижувач на денешниот благ раст на цените. Меѓутоа, општото расположение и натаму е негативно, што значи дека ризикот од падот на цените и натаму е поголем од потенцијалот за нивен раст“, вели за Reuters Ханс фан Клеф од холандската компанија „ABN Amro“.

Со тоа во центарот на вниманието изби побарувачката, којашто судејќи според новите податоци и натаму е солидна, и покрај сигналите за забавувањето на кинеските економски активности и обилните резерви во САД.

Некои, сепак, се упорни во песимистичките прогнози. Така, аналитичарите на „Morgan Stanley“ во средата предупредија дека растот на побарувачката на сирова нафта би можел да биде послан отколку што досега се очекуваше. „Секое забавување на побарувачката би можело да го одложи урамнотежувањето на пазарот, а со тоа во крајна линија и на заздравувањето на цените“, наведоа во белешката за комитентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП