
Рускиот премиер Дмитриј Медведев го посочи падот на стандардот на средната класа како еден од најсериозните удари со кои се соочува домашната економија.


Рускиот премиер Дмитриј Медведев го посочи падот на стандардот на средната класа како еден од најсериозните удари со кои се соочува домашната економија.
„Еден од најтешките удари на економијата е потопот на средната класа, како и општиот пад на доходот на населението“, рече Медведев на традиционалниот руски економски форум Гајдар.
Најважно и најсериозно за нас е падот на доходот на населението. Многу станаа сиромашни, средниот слој настрада и тоа, за жал, е најсериозната последица од економскиот удар во минатата година“, рече Медведев.
Тој додаде дека Русија во поново време не била соочена со толку силни симултани економски предизвици и повика на подготвеност за уште посложени услови.
Русија и нејзината економија е под силна економија се под силно влијание од санкциите наметнати поради вмешување во украинската криза и анексијата на Крим, а во последно време руската економија трпи и поради падот на цената на нафтата, главен извозен производ од кој се финансираа голем број од јавните издатоци.