3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБолните од рак ќе добиваат терапија таму каде што живеат

Болните од рак ќе добиваат терапија таму каде што живеат

nikola-todorov-4-

Болните од малигни заболувања таблетарната и хемотерапијата ќе ја добиваат во местото на живеење или во близина на местото на живеење, најави министерот за здравство Никола Тодоров.

Оваа нова политика веќе се спроведува заедно со повеќе јавни здравствени установи, а целта е да се растовари работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија и да им се олесни на пациентите да не мора да доаѓаат во Скопје по потребниот лек. Дел од пациентите доаѓаат по терапија во Скопје по четири пати во месецот, а дел еднаш месечно.

„Дисперзирано давање на хормонска и антихормонска терапија веќе се дава во болницата во Тетово, и ја примија 40 пациенти од Тетово и од Гостивар. Од 15-ти јануари лекари од Клиниката за онкологија ќе даваат терапија за дваесетина пациенти од Кичево и ќе направат уште една посета на болницата во Тетово. Од 22 јануари терапија во местото на живеење ќе добијат пациентите од Гевгелија и Велес, и во двата града по околу дваесетина пациенти. Од февруари ќе се продолжи со болниците во Охрид, Битола, Прилеп, Крушево и Штип, а до крај на март да ќе се опфатат сите градови”, рече Тодоров.

Во прават фаза од проектот во местото на живеење пациентите ќе добиваат таблетарна терапија, а од септември и еднодневна хормонална терапија, која е претходно подготвена на Клиниката за онкологија.

Според податоците од Клиниката за онкологија со овој проект на 1.000 пациенти болни од карциноми ќе им се олесни лекувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП