17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарски кантон ги повика граѓаните да доцнат со плаќање данок

Швајцарски кантон ги повика граѓаните да доцнат со плаќање данок

franci 335350

Даночните обврзници во одредени делови на Швајцарија се соочени со исклучително невообичаено барање на фискалните власти кои ги молат да го одложат плаќањето на данок колку што е можно подоцна.

Поради негативните каматни стапки во Швајцарија, што значи дека клиентите мораат практично да им плаќаат на банките за чувањето на пари, кантонот Цуг не сака да акумулира готовина за да избегне плаќање на камати.

На овој начин од кантонот планираат да заштедат околу 2,5 милиони франци годишно.

Претходно во Швајцарија беше пракса обврзиците со кои плаќаат предвреме данок да добиваат попуст.

„Кантонот нема интерес да ги мотивира граѓаните да плаќаат предвреме данок. Напротив, наш интерес е граѓаните да плаќаат што е можно подоцна за да имаме помали трошоци за камати“, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП