21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетскиот суфицит на Германија ги надмина очекувањата

Буџетскиот суфицит на Германија ги надмина очекувањата

germany3

Германија во 2015 година забележа поголем буџетски дефицит од очекуваното и планира да го искористи за покривање на трошоците за приливот на бегалци, објави во средата министерството за финансии.

Германија во 2015 година оствари буџетски вишок од 12,1 милијарди евра, благодарение на поволниот економски тренд и далековидата политика, толкува министерот за финансии Волфганг Шојбле.

Буџетските расходи во минатата година изнесувале 299,3 милијарди евра, што е за 2,6 милијарди евра под очекуваното.

Приходите изнесувале 311,4 милијарди евра или 4,5 милијарди евра повеќе од владините прогнози.

„Овие пари ќе ни бидат итно потребни за финансирање на дополнителните трошоци за сместување и интеграција на бегалците“, рече германскиот министер.

Првично Берлин за покривање на трошоците за бегалците одвои пет милијарди евра. Минатата година во Германија беа регистрирани 1,1 милиони баратели на азил, меѓу кои близу 40 отсто се бегалци од Сирија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП