9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе ви се допаѓа деловната понуда и сакате да ја одбиете? Еве...

Не ви се допаѓа деловната понуда и сакате да ја одбиете? Еве како да го направите тоа…

17055587954da26addef25771721923_w640

Некои луѓе имаат можност дури и да одбијат некоја деловна понуда. Ако и вие сте меѓу овие среќници, ова се работите кои мора да ги знаете пред да го направите тоа…

Мора да бидете искрени, но и пристојни

Ако сте ја одбиле понудата поради тоа што сте стекнале негативен впечаток за работодавецот или компанијата од некоја причина, нема потреба да бидете брутално искрени и на тој начин да создавате слика за непристојна личност. Причината е многу едноставна: никогаш не знаете кога со тие луѓе повторно ќе се сретнете во иднина.

Одлучноста е многу важна

Одбивањето на понудата за работа е една од оние одлуки во врска со која подоцна нема да можете да го промените мислењето ниту еден ден потоа, а не пак подоцна. Според тоа, добро разгледајте ги сите позитивни и негативни страни, а потоа донесете конечна одлука. Дури и ако работодавецот се предомисли па сепак се одлучи да ве вработи, по почетното одбивање тоа би можело да остави горчлив вкус во неговата уста, а со новиот работодавец секогаш е пожелно добро да го започнете односот.

Направете го тоа што најбрзо што можете

Објаснувањето исто така е многу едноставно: на нив им е потребен кандидат што побргу. Ако тоа нема да бидете вие, тогаш компанијата мора брзо да пронајде некој друг. Затоа не си го намалувајте угледот во деловниот свет со давањето на лажна надеж.

Известете ги навремено

За жал, постојат луѓе кои мислат дека игнорирањето на мејловите или повиците е сосема нормален начин да се одбие некоја понуда, Но, тоа пред се е непрофесионално однесување, строго забрането во деловниот свет. Преземете иницијатива и дигнете слушалка или напишете меил за одбивање на понудата со изразено почитување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП