18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на обемот на кинеската трговска размена

Пад на обемот на кинеската трговска размена

kina4

Вкупниот обем на кинеската трговска размена со светот намален е минатата година за седум отсто, извести во средата царинската управа, чии податоци укажуваат на влијанието од забавениот економски раст и остриот пад на цените на стоките.

Обемот на трговската размена на Кина со светот падна минатата година на 24.490 милијарди јуани (околу 3.740 милијарди долари), што е четврти по ред годишен пад и ги намина владините предвидувања од шест-отстотен пад.

Увозот во 2015 година потона за 23,2 отсто, на 10.450 милијарди јуани, под притисок на пониските цени на сировите, како нафтата и железните руда и спласнување на активностите во изградба на инфраструктурата. Извозот минатата година е намален за 1,8 отсто, на 14.140 милијарди јуани, а товар му беше силната економска слабост кај водечките партери.

Бројките ја доведуваат во прашање кинеската титула на водечки трговец со стока на светот. САД ќе ги објават своите трговски податоци во февруари.

Кинескиот трговски суфицит минатата година скокнал за 56,7 отсто, на 3.690 милијарди јуани, извести царинската управа.

Податоците за декември се единствена ретка точка во низата кинески економски показатели. Кинескиот извоз во минатиот месец порасна за 2,3 отсто на годишно ниво, на 1.430 милијарди јуани, додека увозот е намален за 4,0 отсто, на 1.050 милијарди јуани, со што темпото на пад е ублажено во однос на претходниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП