13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува со работа првата од четирите хидроелектрани на Кондоте Италија

Почнува со работа првата од четирите хидроелектрани на Кондоте Италија

nezairi 33535

Првата хидроцентрала, лоцирана на Ештеричка Река, над Пробиштип, почнува со комерцијална работа зимава, а останатите три хидроцентрали се во фаза на градежни активности, пробивање на пристапни патишта или подготвителни активности за реализација на проектите, со инвестиција од 19 милиони евра на „Кондоте Италија“.

Министерот за економија Беким Незири и претседателот и сопственик на „Кондоте Италија“ Дучо Асталди на прес-конференција го означија стартот на првата од четирите мали хидроелектрани, кои претставуваат инвестиција во вкупна вредност од 19 милиони евра.

„Оваа инвестиција во делот на обновливите извори на енергија на водечката италијанската градежна компанија ’Кондоте’, преку фирмата ИМПГ ДОО Скопје, покрај изградбата на 4 хидроцентрали, и тоа на Ештеричка, Кадина и Зрновска Река две, придонесе за ангажирање на многу локални македонски компании во изведбата на овие мали хидроцентрали и на тој начин дополнително позитивно влијае на македонската економија“, рече Незири.

Првата хидроцентрала, лоцирана на Ештеричка Река, над Пробиштип, стартува со комерцијална работа зимава, а останатите три хидроцентрали се во фаза на градежни активности, пробивање на пристапни патишта или подготвителни активности за реализација на проектите, во зависност од локацијата.

„Посебно сум задоволен што Кондоте Италија изрази интерес за инвестиција во Македонија, бидејќи станува збор за компанија со над 130 години традиција во градежниот бизнис, распространета на сите континенти со големи градежни проекти, со годишен обрт од 1,2 милијарди евра, а уште повеќе што во разговорот што го имавме со Асталди, кој ја посети Македонија за лично да се увери во прогресот на инвестицијата, тој изрази интерес за дополнителни инвестиции во Македонија, во делот на големите хидроелектрани Чебрен и Галиште и патот Скопје-Блаце“, рече Незири.

Сопственикот на „Кондоте Италија“, Дучо Асталди е задоволен од соработката со Македонија, каде како што рече, наишле на искусни вработени и на професионална соработка со локалните македонски компании.

„Кондоте Италија, со историја од 135 години, ја реализираше првата инвестиција од 19 милиони евра во четири мали хидроелектрани за производство на електрична енергија, а бидејќи многу сме задоволни од соработката и поддршката која ја имаме од македонската Влада, планираме да продолжиме со нови ивестиции во Македонија во иднина“, рече Асталди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП