24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК подготвува уште правила против даночните измами

ЕК подготвува уште правила против даночните измами

ECB shows disposition to reactivate bonds buying

До крајот на јануари Европската комисија ќе претстави нов, амбициозен пакет со кој се ограничуваат можностите за избегнување на оданочувањето. Ова го соопшти комесарот за прашањата на економската и монетарната политика на ЕУ, Пјер Московици.

Правилата ќе бидат во основата на работата на комесарот во наредните денови, објасни тој, цитиран од прес-службата на ЕП.

Во мерките ќе има законски предлози кои ќе ги визираат проблемите во оданочувањето и можностите за негово избегнување во ЕУ, како и во трети земји.

Московици, сепак, призна дека предлозите во оваа област може и да не ја добијат поддршката на Советот на министри.

Општо земено, 2016-та година ќе биде посветена на реформата во корпоративното оданочување и фискалната транспарентност, вети уште комесарот пред европските пратеници.

„Имаме сериозен проблем со можностите за избегнување на даноци и недостаток на транспарентност“, додаде тој.

Московици доби поддршката на ЕП, а претставниците на повеќето политички групи во парламентот, му препорачаа и да покаже повеќе амбициозни цели, отколку постигнатите даночни договори со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Г20.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП