8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Русија 12,9 проценти

Инфлацијата во Русија 12,9 проценти

rusija-ekonomija-ruru

Потрошувачките цени во Русија во текот на 2015 година пораснале за 12,9 проценти, соопшти државниот статистички завод Ростат.

На годишно ниво, цените на храната се зголемени за 14 проценти, додека цените на непрехрамбените производи се зголемени за 13,7 проценти.

Во текот на декември цените на храната во просек пораснале за 1,2 проценти во однос на ноември. Најмногу пораснале цените на овошјето и зеленчукот. Свежиот домат и краставиците поскапеле за 29,7 проценти, односно 19,37 проценти, лимонот за 14 проценти, грозјето за 12,3 проценти, a зелката за 8,1 проценти.

Млекото и млечните производи, рибата и конзервираниот зеленчук поскапеле во просек од 1,8 до 2,2 проценти.

Пад на цената од 0,2 до 0,7 проценти забележаа месото, оризот и минералната вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП