8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus продал повеќе авиони од Boeing

Airbus продал повеќе авиони од Boeing

airbusboeingfewfwefintro

Францускиот производител на авиони „Airbus“ соопшти денес дека во 2015 година имал помалку нарачки во однос на 2014 година, но дека нивниот број и понатака бил значително поголем од нарачките на американскиот конкурент „Boeing“.

Во 2015 година „Airbus“ имал 1.036 нарачки, што е пад во однос на 1.456 нарачки од 2014 година, но тоа е сепак значително над нарачаните 768 авиони на „Boeing“, колку што пријави таа компанија минатата недела, пренесува агенцијата Франс прес.

„Airbus“ минатата година испорачал 635 авиони, во однос на 629 нарачки од 2014 година. Тоа сепак, е помалку во однос на 762 авиони колку што „Boeing“ испорачал минатата година, наведува француската агенција.

Иако „Airbus“, како што наведува американската агенција АП, го победил „Boeing“ кога станува збор за нарачките, американскиот „Boeing“ остврил поголем успех во продажбата на авиони со широк труп како што е авионот 787, додека „Airbus“ главно продавал авиони со тесен труп како авионот А320.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП