9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија: Бункерите претворени во туристичка атракција, во тунелите ќе се одгледуваат печурки

Албанија: Бункерите претворени во туристичка атракција, во тунелите ќе се одгледуваат печурки

Albanija-bunker-1900x700_c

Албанија има во план да даде под закуп дел од своите подземни тунели од времето на комунизмот за одгледување на печурки, соопшти владата во Тирана.

Пет тунели од речиси 1.500 квадратни метри во близината на Тирана ќе бидат понудени на период од 20 години, а тендерот ќе биде распишан на 18-ти јануари, стои во соопштението на Министерството за економски развој.

За време на четириесетгодишното владеење на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа, кој почина во 1985-та година, Албанија беше една од најизолираните земји во светот и опседната од опасноста од напади од страна на Западот.

Во обидот да се обезбеди од нападите, власта изгради илјадници километри тунели и повеќе од 700.000 бункери.

Албанија денеска е членка на НАТО, но и натаму е една од најсиромашните земји во Европа.

Според информациите, неколку од тунелите и бункерите ќе бидат претворени во туристички атракции со кои ќе се обезбеди дополнителен приход за државната каса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП