Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани и застои по наместа влажни коловози. Снег со послаб интензитет провејува на Попова Шапка и Ѓавато кој засега не се задржува на коловоз.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.