3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвонреден ден за обврзниците на Македонската берза на хартии од вредност

Извонреден ден за обврзниците на Македонската берза на хартии од вредност

mk berza kke

Вкупниот промет на Македонската берза за хартии од вредност во вторникот изнесуваше 56.280.831,07 денари, благодарение на големото количество истргувани обврзници, со што нивното учество во вкупниот промет изнесуваше над 90 отсто.

Вкупно беа реализиран 204 трансакции, што е далеку над просекот на дневни реализирани трансакции на берзата.

Најголем промет беше реализиран со обврзницата од осмата емисија (РМДЕН08), каде преку 485.276 истргувани лотови беше остварен промет од 29.229.470,37 денари. Втора според остварен промет беше обврзницата од седмата емисија (РМДЕН07) со вкупен промет од 21.825.616,82 денари, преку 360.512 истргувани лотови.

И со акциите на „Комерцијална банка“ АД Скопје и „Алкалоид“ АД Скопје беше реализиран промет од над еден милион денари.

Двата индекса ја намалија својата вредност, и тоа МБИ-10 за 0,13 отсто, додека, пак. ОМБ за 0,88 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП