1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата WTI падна под 30 долари првпат по 12 години

Цената на нафтата WTI падна под 30 долари првпат по 12 години

nafta 300

Првпат од декември 2003 година цената на сировата нафта од марката WTI падна во вторникот вечерта под 30 долари за барел, поради загриженоста на инвеститорите во врска со презаситеноста на глобалниот пазар на сировини и зајакнувањето на американската валута.

Цената на барелот нафта од марката Brent за испораките во март во вторникот во 20,15 часот по македонско време на Лондонскиот пазар падна за 3,73 отсто, до 30,69 долари за барел. Центата на барелот на сировата нафта од марката WTI за испораките во февруари падна за 4,08 отсто, до 30,13 долари. Претходно во текот на тргувањето таа се намали до 29,96 долари за барел, што е најниското ниво од декември 2003 година.

Поради заситеноста на пазарот и високото ниво на производство, цените на „црното злато“ паѓаат во текот на последните 18 месеци. Во врска со растот на вредноста на американскиот долар и падот на берзите ширум светот, аналитичарите го поставуваат прашањето дали побарувачката ќе расте доволно брзо за да се надмина нивото на понудата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП