6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се рестартира „Порцеланка“, најавени илјада нови вработувања

Ќе се рестартира „Порцеланка“, најавени илјада нови вработувања

porcelanka

Претставниците на македонската влада и на индиската групација BRG го потпишаа во вторникот во Велес договорот за инвестиција во износ околу 31 милион евра за рестартирање на погоните на поранешната фабрика Порцеланка“ со што треба да бидат создадени нови илјада работни места низ повеќегодишниот план.

Групацијата BRG, со годишен обрт од повеќе од 500 милиони американски долари, во рестартираната поранешна фабрика „Порцеланка“ ќе изработува производи од челик и кујнски прибор од нерѓосувачки челик.

Како што истакна премиерот Никола Груевски, групацијата BRG е една од најголемите и најбрзорастечки светски компании во производството на производи од челик, и оти со влезот на оваа компанија во Македонија ќе се врати во живот „Порцеланка“.

„Новата фабрика ќе биде лоцирана во објектите на поранешна ‘Порцеланка’. Ова инвестиција е резултат на нашите заложби да вратиме во живот колку што можеме повеќе од фабриките кои згаснаа во времето на транзицијата. Тоа е исклучителен важен период од нашата историја која остави без работа илјадници граѓани ширум нашата држава и стави клуч на многу фабрики низ Македонија. Велес беше особено погоден во времето кога се затвораа фабриките, а една од нив беше и поранешната ‘Порцеланка’, истакна Груевски.

Појасни дека индиската компанија ја посетил во јануари минатата година за време на економското роуд шоу во Индија, и оти тогаш на средбата со нејзините претставници им била велана доверба дека Македонија е вистинското место за нивната инвестиција.

„ледуваа долги преговори за многу детали, бидејќи ‘Порцеланка’ беше исклучително заплеткан случај. Сето тоа резултираше со тоа што ‘Порцеланка’ доби нов сопственик, многу силна моќна компанија која ќе инвестира и ќе ја врати во живот, ќе донесе нова опрема, нови машини, ново знаење и ќе вработи илјада невработени луѓе од Велес и велешкиот регион“, рече Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП